Скокни до главната содржина

Средба на програмскиот совет на РГ-4

На 23 март 2023, во Irish pub, се одржа состанок на Работната група 4, на кој присуствуваа:

Проф. Милева Ѓуровска, Национален координатор

Никола Јазаџиски, Проектен менаџер

Проф. Марина Митревска, Координатор на РГ-4

Магдалена Несторовска, Државен секретар и ко-претседавач на РГ-4

Амб. Андреј Лепавцов, Амбасадор и ко-претседавач на РГ-4

Проф. Трпе Стојановски, Редовен експерт

Светлана Влаховиќ, Претставник од МВР

Состанокот имаше 2 точки на дневниот ред, најпрво, финализирање на агендата за претстојната 11та сесија, која е планирана за 24 април 2023, а како второ, споделување информации за нашиот регионален проект.

Споделено беше дека апстрактот е готов и е испратен до меѓународните партнери за обезбедување на експерт од земја членка на ЕУ, кој би можел да ги сподели нивните перспективи на овој проблем. Договорено беше во вторник, 21 март сите членови на РГ-4 да споделат со останатите како се справуваат со своите задачи договорени на овој состанок, по што би се договориле како да се продолжи понатаму до сесијата.

Во однос на меѓународната конференција, Проф. Ѓуровска презентираше дека тој проект е регионално поврзување со Националната конвенција во Србија и Европското движење во Албанија, каде регионално ќе се обработуваат темите од Кластер 1. Предвидени се повеќе средби годишно и предвидено е да бидат вклучени претставници на граѓанските организации, но и претставници од институциите. Првата меѓународна конференција ќе се одржи во Белград на 11 и 12 април 2023 година.

На крајот беше споделено дека овие средби ќе се одржуваат во трите држави во период од 3 години, и дека луѓето кои ќе присуствуваат на овие средби ќе бидат ротирани, па така сите претставници на Работните групи ќе бидат присутни. Освен членовите на НКЕУ-МК, контактирани беа и претставници од други граѓански организации, дел од кои го потврдиле и своето присуство.